Емануел Макрон на 9 јули 2018 година ја кажа намерата да ги промени правилата на системот за осигурување од невработеност, а оттогаш имаше бурни преговори, понекогаш прекинати, понеркогаш одложени заради серија судски постапки, но тоа не ја загрози одлучноста на извршната власт да го реализира ова изборно ветување. Бурата од ковид кризата и протестите што доаѓаат од сите страни – опозицијата, синдикатите и работодавачите, исто така не го поколебаа Макрон.
Оваа централна мерка, од која треба да се овозможат заштеди од речиси милијарда евра во текот на една година, требаше да стапи на сила на 1 јули, но Државниот совет (Врховниот управен суд) ја суспендираше во јуни, аргументирајќи со „неизвесности за економската состојба“. Највисокиот административен суд беше повикан да се изјасни од синдикатите, кои се противат на оваа реформа, која тие ја сметаат за казнување и осиромашување за барателите на работа. Како тело задолжено за осигурување од невработеност, Унедик, во април 2020, пресмета дека новиот метод на пресметка ќе има влијание врз нивото на надоместокот за невработеност.
До 1,15 милиони луѓе што остваруваат право во годината по влегувањето во сила на реформата, односно меѓу 1 октомври 2021 и 2022 година, ќе добијат месечен надоместок што е 17 отсто понизок во просек во споредба со правилата. Од друга страна, надоместокот ќе биде подолг и ќе трае просечно четиринаесет месеци во споредба со единаесет претходно. Ова значи, на крајот, дека вкупниот капитал што го добива невработено лице кое прима бенефиции ќе биде малку повисоко отколку порано. Единствениот проблем е што корисниците трошат околу 68 отсто од нивниот надомест во просек и ги користат до крај своите права.
Синдикатите, кои во јуни се откажаа од поднесување жалба, веќе ја објавија својата намера повторно да го нападнат проектот пред судовите.
Покрај методот за пресметување на надоместокот за невработеност, другите мерки на реформата веќе стапија на сила на 1 јули. Имено, воведување бонус-малус систем, чиј период на набљудување е веќе почнат, дегресија на надоместоците за највисоки примања и нови услови за отворање или надополнување на право на невработеност.
Меѓутоа, последните две мерки би можеле да се заострат од 1 декември поради добрата динамика на пазарот на трудот. Тие всушност се поврзани со условите за подобрување кои треба да се исполнат до тој датум. Дегресијата од 30 отсто за корисници на корист под 57 години кои добиле надомест над 4.500 евра бруто месечно ќе важи од седмиот месец на компензација и не повеќе до деветтиот. И условите за користење ќе се намалат од четири на шест месеци.