Таа посочи дека Косово ќе даде целосна поддршка доколку има меѓународна истрага и вклучување на надворешни експерти, со цел да се откријат сите околности поврзани со случајот.
Османи истакна дека „се што ќе каже, би биле политички изјави, што не помагаат за случајот, кој што е во судска постапка”, одговарајќи на новинарско прашање за предметот „Диво Насеље”.
Одбраната на обвинетите за случајот „Диво Насеље” во јули годинава, пред Врховниот суд во Скопје, побара укинување на пресудата и случајот да се врати на повторно судење или таа да се преиначи во ослободителна.
За настаните во „Диво насеље” во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите обвинети пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња” во кој се водеше постапка против осум лица, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.
Во престрелка во мај 2015 година во кумановската населба Диво Насеље, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и десет членови на вооружената група.