Костадин Ацевски е назначен за в.д.директор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, познато уште и како „Македонија Пат“.

Ацевски доаѓа на местото на Беким Мемеди, кој исто така беше вршител на должност на оваа позиција.

Ацевски беше пратеник во претходниот собраниски состав, а кратко време потоа беше в.д. директор на Управата за хидрометеоролошки работи.

На крајот од минатата година беше избран за член на Извршниот одбор на СДСМ.