Котлар додаде дека, освен тоа, фокусот на нејзиното работење ќе биде насочен и кон стимулација на културата, образованието и стипендирање во полето на образованието, но и за подобрувањето на социјалниот живот и енергетско ефикасни решенија и зачувување на животната средина.
Во однос на градинките, Котлар истакна дека во својата програма има предвидено четири градинки, но и простор за децата со посебни потреби каде што со нив ќе работат стручни лица за да може да развиваат вештини.
Ние имаме предвидено четири градинки со можност и градинката „13 Ноември“ да се прошири. Сметаме дека треба да се работи домаќински, детектиравме објект кој веќе постои и истиот може да биде искористен и како градинка, а исто така, останатиот дел од објектот да се искористи за дневен престој на деца кои имаат посебни потреби. Сакаме семејствата да бидат спокојни, барем кога родителите се на работа, децата да имаат дневен престој и со нив да работат логопеди, дефектолози, психолози, социјални работници, за тие деца да можат да ги развиваат своите вештини бидејќи и тие деца имаат свои вештини, порача Котлар.
Во однос на соработката со другите советнички листи, Котлар нагласи дека општината треба да дејствува функционално и на таа линија се и независните советници кои беа дел од претходниот состав, кога решија да дејствуваат како независни, а и тие се залагаат за да се реши нелогичноста околу деталните урбанистички планови.
Да се стави стоп на нерегуларното градење во Центар, бидејќи, ако земеме во предвид само во четири години има 179 градби кои се никнати иако беше „прогласен“ мораториум, а ако се земат осум години заедно со периодот на Жерновски, тоа се 489 дозволи за градба кои создаваат проблеми, изјави Котлар.