Политиката ја оставам на политичарите, имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд големите случаи како „Онкологија“, Пулс“ и „Крмзов“, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за весникот Вечер.
– Не можев да ја следам целата дискусија во парламентот, овде во обвинителството имаме многу работа, особено по откривање на големите случаи каде што моравме да ангажираме и по неколкумина обвинители. Политиката ја оставам на политичарите и ќе употребам еден тежок збор, а тоа е пркос, пркос кон предметите за кои во моментов ве уверувам дека имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд: „Онкологија“ случај за кој и лично чувствувам обврска да го докажеме, потоа случајот со струмичкиот бизнисмен Крмзов, докажуваме криминал тежок 90 милиони евра, потоа убиствата причинети од криминалните пресметки и секако случајот за кој се обврзав пред семејствата дека ќе има правна завршница, а тоа е пожарот во дискотеката „Пулс“. Ние како обвинителство обезбедивме илјада докази за два ипол месеци срочени во обвинение за сторено кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, сега зависи од судот за колку време случајот ќе има судска разрешница – изјави Коцевски во интревју за „Вечер.прес“ еден ден по интерпелацијата која помина во Парламентот, на прашањето дали ќе си поднесе оставка.
Прашан дали Обвинителството има индиции за изнесените сомневања од страна на министерот за внатрешни работи дека зад пожарите стојат организирани структури, и за обвинувањата од страна на ДЗС дека станува збор за подметнати шумски пожари, и оти речиси и да нема казнивост за шумските пожари, Коцевски вели дека не се согласува со ваквата констатација.
Целото интервју почитајте го ТУКА