Синдикатот укажува дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа треба да се направат дополнителни проценки на ризик на работните места со Изјава за безбедност со која би се утврдиле сите можни штетности и опасности на секое работно место.

– Во изминатата година, многу пати укажавме дека согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје на вработени изложени на биолошки штетности, САРС-КоВ-2 е запишан како корона вирус од фамилија “coronaviridae”, што е во согласност со дополнувањето на Европската Директива за биолошки агенси и заштита на работниците од ризици, за вирусите од фамилијата “coronaviridae” имаме утврдено безбедносно ниво 2 (два) исто како и европското законодавство. Од појавувањето на корона вирусот, КСС заедно со стручните лица за заштита при работа од Македонското здружение за заштита при работа, бара од институциите во целост да ги спроведат законите и на сите работници кои што заболеле на работното место или се во самоизолација да им се исплаќа 100 проценти плата, наведува Синдикатот.

Бараат од надлежните институции да го почитуваат и спроведуваат законот.

– КСС останува доследен на барањето, за секое неисполнување на работничките права согласно закон ги повикува надлежните т.е Владата и Државниот инспекторат за труд да стават крај на уништувањето на работникот и неговите права со било какви Уредби и Заклучоци, со кои се суспендира Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за пензиско и инвалидско осигурување, се вели во соопштението.