Годишното количество на создаден комунален отпад по жител изнесува 452 килограми или за еден отсто помалку од истото количество во 2019 година. Најголем дел од собраниот комунален отпад – 99,8 отсто е исфрлен на депонии.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу комунален отпад – 170.660 тони или 27,1 отсто е собран во Скопскиот регион. Од вкупното количество на комунален отпад, 522.954 тони или 83 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 17 отсто е комерцијален отпад собран од правни и физички лица.

Најголемо количество од вкупно собраниот отпад е измешаниот комунален отпад – 525.745 тони или 83,4 отсто, а најмало отпадот од гума 1.005 тони или 0,2 отсто.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во 2020 година изнесува 913.033 тони.