Колумна на Марјан Ѓорчев:
Постоењето на македонското национално малцинство претставува индивидуална и колективна самоидентификација на припадниците на македонската етничка заедница во Р.Бугарија, којашто по своите историски,етнички,јазични и културни особености,се раликува од мнозинскиот бугарски народ и останатото население во бугарската држава. Во меѓународните правни норми нема универзална дефиниција за национално малцинство. Токму затоа,постоењето на малцинското прашање е пред се, резултат на фактичка состојба, а не предмет на меѓународна дефиниција.
Терминот “национално малцинство” е карактеристичен за европскиот континент,додека во Универзалната Декларација за човековите права,се третира само индивидуалната димензија на човековите права. Клучни меѓународни документи коишто се референтни за категоријата “национално малцинство”се:Декларацијата на ООН за човековите права,Европската рамковна конвенција за национални малцинства, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, Меѓународниот пакт за економски,културни и социјални права и Европската повелба за регионални малцински јазици.Р.Бугарија ја има ратифицирано Конвенцијата за човекови права во 1999г.,но,ја нема потпишано и ратифицирано Повелбатата за малцински јазици.
За постоењето на македонското малцинство во бугарската држава, реперни се извршените пописи на населението од 1946г. до денес,не навлегувајќи во условите за попис коишто ги диктирала државата, а кои влијаеле врз крајниот резултат.Признавањето на македонското национално малцинство во периодот 1946-1963г.,се толкува во бугарската политика и историја,како историска грешка на Георги Димитров,легендарниот антифашистички лидер на БРП(к). На пописот во 1946г. како македонци во Н.Р.Бугарија се изјасниле 160.541 лица,или 70% од населението во пиринскиот крај. Бугарската историска наука тврди, дека попишувањето е извршено со насилна интервенција на Бугарската работничка партија и со притисок врз бугарското население, да се изјаснуваат како македонци.Меѓутоа,освен документираните искажувања на одделни партиски членови на БРП(к), за “наводната” партиска директива за попишување на македонците,нема сериозна документација за поплаки од лица со бугарска националност,за нивна принуда да се попишат како македонци.
Неодамна починатиот уредник на “Народна Воља”,Георги Христов,говорејќи за тие времиња,ми објаснуваше со каков восхит и раздраганост на македонското население од неговото село Петрово( на самата грчко-бугарска граница),неговите родители,роднини и соселани се попишувале како македонци,дочекувајќи го моментот слободно да ја изразат својата националност.
На пописот во 1956г., седум години по смрта на Г.Димитров,како македонци се изјаснуваат 178.862 лица,или 63,6% од населението во принскиот крај.Бугарската историска наука не приложува овој пат податоци за партиски директиви во врска со пописот,туку само објаснува (повторно само по сведоштва на партиски активисти)дека попишувањето е извршено на база на личната документација на населението-нивните лични карти?! На пописот во 1965г.,како македонци се изјаснуваат “само” 8.750 лица,а за начинот на којшто е извршен пописот, сведочи книгата на Чавдар Маринов-“Македонското прашање од 1944г. до денес”,во којашто се одбележува извршениот политички “маневар”(читај-политички инжењеринг) на Тодор Живков,за да се избрише македонското малцинство во Н.Р.Бугарија
На пописот во 1975г.,административно е избришано македонското малцинство и нема податоци, ниту за еден бугарски граѓанин со македонска самосвест?! Од извршениот попис во 1992г.,нема официјални податоци за состојбата со македонското малцвинство,но,во 1993г. е објавен документ во кој се наведува дека се попишани 10.803 лица како македонци.На пописот во 2001г.,се попишани 5.071 лице како македонци,додека на пописот во 2011г.,се попишани 1.654 бугарски граѓани со македонска самосвест.
Тоа се референтните бројки коишто сами по себе говорат,дека постои македонско малцинство во бугарската држава,независно од неговата негација, од страна на политичкиот врв во народната и современа бугарска држава.Впрочем, зошто би се негирало нешто,ако тоа нешто не постои!! Тоа е парадоксалноста на бугарската политичка и историска димензија,во контекст на постоење на македонското малцинство.Претставниците на бугарските институции и еминентни научници и интелектуалци,често пати говорат за тоталитарниот режим во социјалистичка Македонија и репресиите извршени врз македонски граѓани со бугарска национална припадност.И тоа е легитимно. Меѓутоа,ниту еднаш не се обидоа да ја објаснат “амалгамската врска” на пролетерскиот интернационализм на Тодор Живков, сонационал-шовинизам на монархистичкиот режим во бугарската држава,по прашањето за непостоење на македонската нација и јазик?! Како директна последица на тој необјаснив феномен,се јавува и негирањето за постоење на македонско малцинство во Бугаријаденес.Молчењето за нужноста од рехабилитација, поради злосторства извршени врз илјадници бугарски граѓани со македонска самосвест,продолжува и понатаму.Современата македонска држава ниту еднаш не го покрена тоа прашање од 1991г. до денес?!
Во актуелниот двонасочен македонско-бугарски спор, несиметричниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка(во понатамошен текст ДПДС),е основна пречка за нерамноправиот однос кон националните малцинства во двете држави.Македонската политика не посвети внимание пред потпишување на ДПДС,да ја проучи бугарската гео-политика кон Р.Македонија и кон македонското малцинско прашање!! Имено,Р.Бугарија не признава постоење на македонско малцинство,со образложение дека не постојат етнички,јазични,историски и културни причини за такво нешто?! Двоецот Заев-Димитров,за само два месеци од работењето на новата влада во 2017г.,со желба за брз успех,го подготви и го потпиша ДПДС.Тој Договор денес и во иднина, ќе произведуваштетни последици по македонските национални интереси. Со потпишувањето на ДПДС,македонската држава дозволува бугарската држава да се грижи за бугарското малцинство во Р.Македонија,а се откажа од македонското малцинство во Р.Бугарија?! На тој начин,ние Македонците, ја верифициравме анти-македонската и национал-шовинистичка политика на тоталитарниот режим на Тодор Живков.Народна Република Бугарија по 1963г. ја презема “штафетната палка” од буржоаско-монархистичкиот режим,во негацијата за постоење на македонската нација,како “измислена коминтерновска творба”.Во совремието,бугарската политика продолжи во контиунитет и со засилен интензитет,да го негира постоењето на македонската нација и јазик во македонската држава,а респективно со тоа,го негира и постоењето на македонско малцинство во бугарската држава.
Логиката е продукт на метафизиката!! Ако во федералната социјалистичка македонска држава,македонската нација е “вештачкaполитичка конструкција” и не постои македонски јазик,како тогаш може да има македонско малцинство во Бугарија?! Како и зошто била променета бугарската гео-политика кон т.н.”македонско прашање” по 1963г.?? Се чини дека големо влијание врз бугарската политика, имало членството на Бугаријаво Варшавскиот пакт и Советот за взаемна економска помош.Воскреснувањето на бугарскиот национал-шовинизам и во услови на социјалистичкиот интернационализам, била и своевидна,самостојна бугарска креација.
Декласифицираните извештаи на ЦИА од 1968г, говорат за тоа,дека фрустрацијата од успехот на југословенскиот социјализам и неуспесите на советско-бугарскиот социјалистички модел,се клучна причина бугарската држава да отпочне да бара надворешни непријатели,за да ги оправда своите промашувања.На внатрешен план,товарот на бугарската пропаганда на своите плеќи го поднеле македонското и турското малцинство
Промената на општествено-политичкиот систем по 10 ноември 1989г.,не донесе никакви промени во негаторскиот став кон малцинските заедници и нивните права во Р.Бугарија, Таквиот став, услови Р.Бугарија и во својот Устав од 1991г.,да не го препознава концептот на регионални и малцински јазици,но,го признава правото на бугарските граѓани,на кои мајчиниот јазик не им е бугарски,да го изучуваат и употребуваат својот мајчин јазик,паралелно со бугарскиот (чл.36,ст.2).Исто така,во чл.54 од својот Устав,Р.Бугарија го регулира правото на секој граѓанин којшто припаѓа на друга етничка заедница,да ги развива своите национални и културни вредности,согласно искажаниот етнички идентитет на пописите во бугарската држава.Европската интеграција на Р.Бугарија овозможи и формирање на соодветни интситуции,чијашто надлежност е подобрување на состојбите и интеграцијата на малцинските групи во бугарското општество.Такво тело е Меѓу-министерскиот Национален совет за соработка по етнички и демографски прашања,при Советот на министри на Р.Бугарија (2004г.). Меѓутоа,тој Национален совет никогашдосега, не дозволил дебата за “непостоечкото” македонско малцинство?!
На прв поглед,согласно донесените уставни и законски решенија во нашата источна соседна држава по 1991г.,формално-правно нема проблем со малцинските права.Меѓутоа,во пракса ситуацијата е сосема поинаква. Всушност, со своето постапување Р.Бугарија ги нарушува елементарните човекови права на бугарските граѓани, коишто се декларираат дека се со македонска самосвест.Да се биде Македонец во Народна Р.Бугарија во периодот од 1963-1989г.било опасно по живот.Стотици македонци биле убиени или исчезнати под непознати околности,илјадници апсени, интернирани и подложени на полициска тортура.Во современа Р.Бугарија по 1989г.,бугарските граѓани определени како Македонци по род,се социјално маргинализирани и осудени на бесперспективност.Не се дозволува регистрација на македонските граѓански здруженија,а сите пресуди од Судот за човековите права од Стразбур,бугарските судови-Основни,Апелациони и Уставниот суд,одбиваат да ги спроведат во дело?! Единствено што е дозволено во периодот по 2007г.,е правото на организирање на мирни собири,за чествување на значајни историски личности од пиринскиот крај.
Современата независна,самостојна Р.Македонија беше нем свидетел на новиот вид на бугарска “националистичка голфска струја”,којашто создаваше “леден брег” кон македонското малцинство, како непремостлива препрека во подобрувањето на добрососедските односи. Повторното замрзнување на македонското малцинство од бугарска страна и по 1989г,,во моменти кога и двете држави-бугарската и македонската, се стремеа кон новиот наднационален европски проект,беше апсурд и ретрограден чекор.За жал,македонската држава се повлече како полжав во својата куќa и избега од соочување со вистинскиот проблем.Требаше да поминат 28 години од прогласување на независноста,за да разбере македонскиот политички врв,дека “касапењето” на македонското национално тело,започнато со одродување,дискриминација и асимилација на нашето малцинство во Р.Бугарија,нема да запре на македонско-бугарската граница .Македонското малцинство во Бугарија е дел од македонското национално тело.Откажувајќи се од него,македонската држава е веќе држава со попреченост.Ние Македонците се дехуманизиравме и претварајќи се во мумии, чекаме некој од надвор-меѓународен посредник,да ја оживее македонската мумија.
Жално,смешно и бедно звучат нашите политичари,кога се обидуваат да објаснат, зошто не можеле да се мешаат во внатрешните работи на други држави.Ги затвораат очите пред фактот дека Р.Бугарија од нас бара, да се откажеме од историскиот континуитет на македонската нација и јазик?! Демек,бугарите веднаш ќе го признаат постоењето на македонска нација и јазик,ама само ако признаеме дека, до втори август 1944г.сме биле бугари и сме зборувале на бугарски јазик.Бугарските политичари продолжуваат со тврдењето, дека нема македонско малцинство во Р.Бугарија.
Македонската влада се согласува со тоа?! Време е да се освестиме и да започнеме да го браниме не само нашиот македонски дом,туку и нашите македонци од пиринскиот крај.Во спротивно,стиховите на Вапцаров не упатуваат на трагичната димензија на “времето на протекоратите”.Со нашето однесување во меѓународната политика,за жал,ние делумно и сме протекторат!!, пишува поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев во својата колумна.