Македонците во Албанија се соочуваат со сериозна закана од бугарската асимилација, која го загрозува нивниот културен и етнички идентитет. На денешната средба во Корча, Македонската алијанса за европска интеграција побара помош од македонските политички партии. Тие сакаат да се создаде национална стратегија за поддршка која ќе ги опфати економијата, образованието и културата на Македонците во Албанија.

„Предложивме сет мерки за кои сакаме да отвориме дискусија, а потоа Собранието на Македонија да усвои обврзувачка декларација што ќе ги гарантира нашите права. По донесувањето, неопходно е спроведувањето на оваа декларација да биде системски надгледувано од специјално формиран Совет на Владата, кој ќе осигура нејзина целосна имплементација,“ изјави Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.

Признавање на проблемот: Бугарската асимилација на Македонците

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, истакна дека македонското малцинсто во Албанија се под сериозен притисок. Стерјовски нагласи дека бројот на Македонци значително паднал, додека бројот на Бугари се зголемил.

Бугарија активно се обидува да создаде слика на бугарско малцинство во Албанија“, рече Стерјовски.

Остро опаѓање: Бројот на Македонци во Албанија се преполови по пописот – асимилација доведе до создавање на бугарско малцинство

Клучните аспекти на стратешката поддршка: Образование, економија и култура

Македонците во Албанија бараат дека стратегијата треба да вклучува три области: економија, образование и култура. „Ако се создадат поволни услови за економски развој, ќе го намалиме притисокот за миграција и барањето бугарски пасоши“, рече Стерјовски.

Клучниот проблем е економската состојба. Доколку нашите луѓе во Албанија имаат стабилна и сигурна економска положба, нема да бидат приморани да бараат бугарски пасоши. Потребно е да соработуваме и со Владата на Албанија за да се зголемат инвестициите во овој регион, да се создаваат нови работни места и да се подобрат условите за живот. Дополнително, со поддршка од Европската Унија, треба да се идентификуваат и спроведуваат проекти што ќе помогнат во економскиот развој,“ изјави Димитровски.

Политичка поддршка: Обединета акција за Македонците во Албанија

Претставници од различни партии, вклучително и од власта и опозицијата, изразија поддршка. Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ, потврди дека опозицијата ќе продолжи да се бори за македонските права. Стерјовски истакна дека македонското малцинство треба да добие конкретни мерки за заштита.

Бугарска пропаганда и правна реакција

Македонската алијанса поднесе жалба до албанските власти за забрана на фондацијата „Бугарска Меморија“. Оваа фондација се обидува да претстави македонското население како дел од бугарското малцинство.

„И покрај сите наши реакции до албанските институции со цел да се спречи оваа бугарска пропаганда, бидејќи фондацијата „Бугарска Меморија“ е водечки инструмент на бугарската асимилација, таа продолжува со своите активности. Оваа фондација се обидува вештачки да создаде слика дека во Албанија живее бугарско население и наметнува бугарски идентитетски инженеринг. Наместо да се запре ова манипулирање со фактите, сега токму оваа фондација нè тужи нас,“ изјави Стерјовски.

Долгорочни последици на бугарската асимилација на Македонците

Процесот на бугарската асимилација се засили во последните години. На пописот, бројот на Бугари се зголемил на 8.000, додека бројот на Македонци паднал на 2.200. Овие бројки ја нагласуваат сериозноста на ситуацијата.

Неопходноста за заштита на идентитетот

Македонците во Албанија се соочуваат со предизвици. За да опстанат, треба да се преземат мерки за економски развој и заштита на нивниот идентитет. Со поддршка од македонската влада и меѓународни институции, нивниот опстанок може да биде обезбеден.