Јени Џамија – споменик на култура или музеј на религиите?

Јени Џамија, споменик на култура од национално значење, повторно стана тема на полемика. Според податоците, објектот е изграден на темелите на средновековната катедрала Св. Ѓорги. Во 2011 година, со одлука на Врховниот суд, Џамијата беше ставена под владение на Република Македонија и доделена на користење на НУ Завод и музеј – Битола.

Од 2013 година до 2024 година, Министерството за култура и туризам има инвестирано 477.000 евра (20.331.978 денари) за завршување на проектот за музеј, кој треба да ги обедини христијанската и исламската култура.

Обвинувања кон ДУИ за двојни стандарди

Според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ цели 13 години, додека беше дел од власта, не го оспоруваше статусот на Јени Џамија како споменик на култура.

Сега намерно создаваат конфликти, додека цели 13 години ова не им пречеше. Тие се обидуваат да ги злоупотребат верските и етничките чувства за да прикријат сопствените неправилности и коруптивни скандали,“ се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Намената на објектот

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека дел од музејската поставка во Јени Џамија вклучува и исламски артефакти, како што се две свети книги – Курани, отстапени од Исламската верска заедница (ИВЗ).

„Тоа покажува дека проектот има за цел да го презентира културното наследство на двете религии, а не да создава поделби,“ додаваат од партијата.

Апел за внимателност

Опозицијата апелира до јавноста да не подлегнува на, како што ги нарекуваат, „игрите на ДУИ“. Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите обиди за создавање тензии само дополнително ги откриваат слабостите на оваа партија и нејзината неспособност да се справи со реалните проблеми.

ДУИ редовно си дава автоголови со вакви потези. Јавноста треба да биде внимателна и да не дозволи вакви чувствителни прашања да се користат за политички цели,“ завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.