Последниот извештај за Директните Странски Инвестиции(ДСИ)за 2020 год, повторно не рангира на дното во регионот и во Европа, пишува на својата фејсбук страница координаторот на пртеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески.

-Катаклизмата со оваа Влада продолжува.

Последниот извештај за Директните Странски Инвестиции(ДСИ)за 2020 год, повторно не рангира на дното во регионот и во Европа.

ДСИ се генератор на македонската економија и можност за излез од економското сивило, кое што ни го приреди оваа неспособна влада.

Помина периодот кога бевме лидери во оваа област и со гордост ги најавуваме реномираните мултинационални компании и бројот на ново проектирани и отворени работни места.

Истовремено тие оствариле и најголем пораст на учеството на производи со повисока додадена вредност.
Не случајно.

Иако мултинационалните компании на почетокот влегуваат со производство со помала додадена вредност, тоа се пософистицирани производи од оние кои дотогаш земјите ги произведуваат. Како расте продуктивноста, растат трошоците за работна сила и се менува структурата на производите кон такви со повисока додадена вредност.

Дополнително во синџирот на добавувачи/логистика, беа вклучени и многу домашни фирми.
За жал тоа веќе го нема.

Наместо економијата да се рестартира во првата половина од 2021 година, сведоци сме на уште едно економско фијаско слично на она од минатата година!

Секојднево расте бројот на невработени, се затвораат фирми, илјадници вработени од текстилната индустрија се пратени на принуден одмор, слична судбина имаат повеќе од 50.000 вработени во угостителскиот сектор и другите услужни дејности.
Да не заборавиме дека во првиот квартал имаме двоцифрен пад на индустриското производство и пораст на јавниот долг. Очекувањата за вториот квартал се уште полоши, пишува Мицевски во својата објава.

 

Катаклизмата со оваа Влада продолжува.
Последниот извештај за Директните Странски Инвестиции(ДСИ)за 2020 год, повторно…

Posted by Nikola Micevski on Thursday, April 8, 2021