Во интервју за неделникот Фокус, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говореше на повеќе актуелни теми, а меѓу нив беше и законот за амнестија.

Запрашан дали ќе го напушти Собранието доколку власта се обиде да го протурка Законот за амнестија со европско знаменце, што е спротивно на досегашната позиција дека ваков чекор би бил контрапродуктивен, бидејќи ќе и остави бришан простор на власта да носи штетни закони и така да спроведува штетни политики, Мицкоски одговори зошто би отстапил од оваа позиција.

Таа наша позиција е се уште актуелна, но ако продолжи злоупотребата од страна на власта практично станува беспредметна. И ако тие одлучуваат на секој закон што им е претходно договорен да стават европско знаме, што значи дека максимален период за дебата и собраниска процедура е 3 работни дена, без оглед колку амандмани се поднесени, тогаш не ја гледам суштината зошто ВМРО-ДПМНЕ да учествува во парламентот, кога за секој закон којшто е пазарен тие ќе се договорат, ќе закачат европско знаме, тоа кај меѓународната заедница ќе помине со еден укор и така досега тоа функционира.

На прашањето дали сте генерално против амнестија на осудени лица или имате проблем со содржината на законот, со категориите што се опфатени, Мицкоски имаше јасен одговор.

Нашиот став е принципиелен – овој закон нема да го поддржиме од причини што се однесува на лица осудени за кривични дела како насилство, перење пари, дилање дрога итн. Тоа се големи кривични престапи, а уште повеќе што осудени лица како оние двајца помагачи за грозоморниот злостор кај Смилковски езеро познат како „Монструм“ имаат можност да бидат амнестирани.

Мицкоски одговори на прашањето дали размислувал да иницира амнестија за осудените за „27 април“ и дали тоа би можело да биде услов за поддршка на овој закон.

Јас повеќе од 5 години имам директна комуникација или преку нивните семејства и адвокатите на лицата што се дел од предметот за „27 април“ и ниту еден од нив не бара милост или амнестија, туку бараат правда која за жал досега не ја добиваат поради контролираното обвинителство и судство.

Мицкоски  потсети дека судијата што ги изрече тие драконски казни денеска има улога како претседател на Уставен суд, а неодамна пледира да биде и политички активна, па артикулира и политички позиции за теми надвор од нејзиниот опис и попис на работа.

Мицкоски даде одговор и зошто ВМРО-ДПМНЕ не го напушти Собранието, кога се европско знаме се протуркаа измените на Кривичниот законик.

 Тоа беше исклучок и сега гледаме дека тој исклучок се трудат да стане правило. Ако стане правило, која е логиката да седиме во парламент и да правиме естрада, кога тоа што е пазар на власта со европско знаме ќе си помине во процедура за 3 работни дена. Ако остане само на исклучок, во ред – во име на демократијата, стабилноста на државата, подготвени сме да дигестираме исклучок. Но правило- не!