Од МОН посочуваат дека ова дополнително ќе ги стимулира учениците кои своето образование ќе го продолжат во едно од стручните средни училишта во земјава.
Со овој фонд, според Министерството, предвидено е 1500 ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината, 500 ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење ќе добиваат исто така по 3500 денари месечно, додека 200 ученици од прва година кои реализираат наставни планови ипрограми од: електротехничка струка, градежно-геодетска струка, угостителско-туристичка струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка или текстилно-кожарска струка ќе добиваат месечен износ од 2200 денари.
Со Конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година, во 109 средни училишта е предвидено вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко – информатичка гимназија.
-Се зголемува бројот на ученички места во стручно образование и тој ќе изнесува 65,22% од вкупниот број, наспроти бројот на ученички места во гимназиско образование кој е намален и ќе изнесува 30,82% од вкупниот број на сите ученички места, се наведува во соопштението на МОН