Нето надворешниот долг на земјава на 30 септември 2022 година изнесувал 3.905 милиони евра или 28 проценти од проектираниот БДП, соопшти Народната банка.

Во најново статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција на НБ, се посочува дека нето надворешниот долг на земјата во третиот квартал од 2022 година е намален за 51 милион евра или за 1,3 проценти.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 61 отсто.

Во текот на третиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 79 милиони евра и изнесува 7.851 милион евра, што претставува 56,3 отсто од проектираниот БДП за 2022 година.