На почетокот на учебната 2021/2022 година во редовните основни училишта имало 186 649 ученици, што е 0.5 отсто помалку во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика.

Во редовните средни училишта, пак, на почетокот на учебната 2021/2022 година бројот на учениците е 71 018 или помалку за 1.1 отсто во споредба со претходната учебна 2020/2021 година.

Во објавата на ДЗС се објавени основни податоци за основното и средното образование на почетокот на оваа учебна година, податоци за бројот на основци односно средношколци според возраста полот и одделението/годината на учење и според изучувањето странски јазик.

Содржани се податоци за редовни основни училишта, специјални основни и основни училишта за возрасни и за редовни средни, специјални средни училишта и за средни верски училишта.