Наместо контроверзен балансер, јавната администрација ќе се вработува со мерит систем. Ова е заклучокот откако вчера Уставниот суд го укина балансерот.
Уставниот суд пресече
Првиот човек на Уставниот суд и судија известител по предметот, оформен по иницијатива од ДКСК, Дарко Костадиновски, смета дека блансер како мерка ја исполнил својата цел. Според него компетентноста треба да е единствен критериум за вработување и унапредување, а таа најлесно може да се примени со „мерит системот“.
Што е „мерит систем“?
Системот на заслуги и вредности, познат како „мерит“ систем означува начин на вработување или напредување на работното место во јавната администрација според вештините, вредностите и заслугите на работникот, а не според други критериуми, како политичката припадност или фаворизирање според етничка припадност.
Минчев открива злоупотреби на балансерот
Министерот Горан Минчев уште на почетокот на функцијата најави укинување на балансерот поради злоупотреба и лажно претставување на етничката припадност при процесот на вработување. Освен тоа тој најави и повлекување на контроверзните административни закони поради критиките од синдикатите, со цел да се поттикне инклузивен дијалог за ефективни реформи до крајот на годината.
Компетентноста како критериум за вработување – Минчев и премиерот Мицкоски на иста релација
Отсега компетентноста ќе биде единствен критериум за вработување во македонските институции. Уставниот суд застана на иста релација со министерот Горан Минчев којшто најави укинување на контроверзниот балансер. Отсега јавната администрација ќе се вработува со мерит систем, а ова соодветстува со ветувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека отсега ќе се ценат компетенциите, а не партиската книшка или етничката основа како услов за
Се укинува балансерот – Алити направил промена да се смета и нерезидентно население
Министерот за јавна администрација Горан Минчев соопшти дека изменети се процентите на балансерот, алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Ваквата одлука следува по промената во август 2022-ра година кога тогашниот министер Адмирим Алити направил нова пресметка со која се сметало и нерезидентното население. Така, броејќи ја и дијаспората од пописот во 2021 година се зголемил процентот за вработување Албанци на 29,54%.
Алатката наречена „балансер“ беше критикувана за нејзината злоупотреба, каде што поединци погрешно ја претставуваа својата етничка припадност за да добијат прдности за вработување. Минчев соопшти дека во досегашните пресметки проблемот бил што се земал предвид и бројот на нерезидентно население, а така во предност биле Албанците кои се сметале со дури на 29,54%.
Се зголемува бројката на вработени Македонци, а се намалуваат вработените Албанци
Сега, во следниот период следува корекција на процентите каде ќе се зголеми бројката на Македонци, а ќе се намалат вработените Албанци. Поточно низ бројки корекцијата би изгледала вака: Македонци од 54,21% на 58,44%, Албанци од 29,52% на 24,30%, Турци од 3,98% на 3,86%, Роми од 2,34% на 2,53%, Срби од 1,18% на 1,30%, Бошњаци од 0,87% на 0,87% и Власи од 0,44% на 0,47%.
Укинуват е контроверзниот „балансер“
Во уште една значајна реформа, министерот Минчев го укина „балансерот“. Оваа алатка беше критикувана за нејзината злоупотреба, каде што поединци погрешно ја претставуваа својата етничка припадност за да добијат предности за вработување.
„Дигиталната алатка „балансер“ ќе биде укината, а бројките за вработување сега ќе го одразуваат резидентното население врз основа на податоците од пописот од 2021 година. Оваа промена не може да се преговара“, потврди министерот Минчев.
Реструктуирање на министерства
Покрај тоа, Министерството за информатичко општество претрпе реструктуирање, што резултираше со формирање на две посебни министерства: Министерство за јавна администрација и Министерство за дигитална трансформација. Со ова преструктуирање е намалена работната сила во Министерството за јавна администрација за 120 вработени.
Стефан Андоновски е назначен да раководи со Министерството за дигитална трансформација, во кое сега се вработени 160 лица, додека Министерството за јавна администрација на министерот Минчев брои 60 лица.
Проактивните мерки на министерот Минчев за пвлекување на контроверзните закони и реформирање на административните практики ја нагласуваат неговата посветеност за поттикнување на транспарентноста и ефикасноста во јавниот сектор. Претстојните дебати со синдикатите се очекува да обликуваат инклузивни законодавни реформи корисни за сите вклучени засегнати страни.