На денот кога е објавено дека министерството што го води издало 200 пасоши на шефови и членови на нарко картели од Балканот, министерот Оливер Спасовски  објавува фотографии и текст за реконструкција на полициски објект во Дојран.

Меѓу фотографиите особено се истакнуваат две, една од стара отворена и една од нова затворена “Веце шоља”.

“Целосно саниран и реконструиран објектот на ПО Дојран кој беше доста амортизиран и во оштетена состојба. Целосно санирана кровната конструкција Нова термоизолациона фасада со акрилен завршеток на целиот објектот и инсталирано ново парно греењеЗаменета електрична инсталација, санирани и обновени санитарни јазли. Градежни работи надворешно и внатрешно во самиот објект. Нашата обврска и зацртана цел – подобрување на условите на работа на сите полициски службеници и, генерално, во самото министерство во целина – продолжува да се реализира и остварува”, напиша утрово шефот на МВР Спасовски.

Фалбата на Спасовски може да ја погледнете на овој ЛИНК