Лидерот на Самостоен синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков очекува конструктивна средба со ресорните министри и верува дека Владата разумно ќе постапи по однос на нивните барања за усогласување на колективниот договор со минималната плата.
Штрајк е единствениот начин да се разубедат надлежните, вели Неделков.
Мотивацијата кај наставниците и вработените кај детска заштита е на најниско ниво, заради неправдата која им е нанесена во однос на платите. Така да сметам дека секој родител ќе има интерес неговото дете да го воспитува, згружува и обучува мотивиран наставник а не наставник или воспитувач којшто размислува од 15-ти до 15-ти како ќе го истера месецот и како ќе ги плати сметките, додава Неделков.
Уверува дека од целата ситуација на преговори нема да трпат учениците.
Лидер: Што конкретно СОНК ќе бара во преговорите со Владата, конкретен процент на зголемување на плата или сепак оставате простор за дијалог за изнаоѓање на заедничко решение?
-Ние имаме подготвен текст од колективен договор каде што работни групи на МОН и на СОНК работеа со гарнитурата од министерката Царовска и тој текст е скоро готов. Велам скоро од причина што има уште детали поврзани со финасии кои треба да се утврдат. Инаку тоа што ние го бараме јавно во однос на усогласување со минималната плата од 18 000 со колективните договри, тоа практично ќе биде вградено и во колективните договори, каде што основица за пресметка на плата ќе биде минималната плата на национално ниво.
Со оглед на тоа што сега минималната плата ќе биде 18 000 денари, тогаш основицата ќе биде 18 000 денари која што ќе се множи со соодветниот коефициент на сложеност на работно место и на тој начин ќе се избегне урамниловката која што наназад неколку години е се поголема и поголема и во однос на различни работни места со различна сложеносот на работа земаат иста плата.
Овој модел што ние го предлагаме не е нешто ново, тоа е модел кој веќе се применува во Министерството за култура за вработените во дејноста култура кои земаат плата на таков начин. Така да се надевам дека и во дејноста образование и во дејноста детска заштита ќе се примени овој модел на пресметка на плата.
Лидер: Просто кажано, колку ќе значи тоа зголемување на платите за наставникот, за 2, 3, 5 000 денари?
-Веројатно многу повеќе, меѓутоа треба да се направат пресметки. Во медиумите излегоа некои пресметки од 40 000 денари, организации кои пресметуваа и математички тоа е така, меѓутоа се дури не ставиме на хартија, јас не можам да зборувам за бројки и проценки. Во секој случај сметам дека тоа што го заслужуваат вработените во дејностите детска заштита и образование треба да се добие. Дали веднаш, дали со утвредено темпо на динамика, то е предмет на преговори и договри.
Лидер: Најавивте и можност за штрајк. Зошто секое барање на СОНК на крај мора да заврши со штрајк?
-Па доколку не најдеме заедничко решение на создадениот проблем, ние немаме друг начин како да ги разубедиме надлежниот, освен со вршење на жесток притисок.
Бидејќи платите се толкави колку што се во образование и детска заштита, согласно закон и колетивниот договр, платите треба да бидат многу повисоки. Од другата страна имаме Влада и ресорни министри , којшто ни се партнери и мора да најдеме заедичко решение. Доколку не најдеме заедничко решение, нашите права пред се ќе си ги бараме преку синдикали средства, а веројатно и паралелно ќе одиме и со поднесување на судски тужби, информирање на меѓународната јавност, итн…
Лидер: Дали сметате дека во случај на штрајк најмногу губат учениците?
– Учениците никогаш нема да останат пократки од учењето и знаењето кое им е условно загарантирано право меѓутоа и од наставниците кои никогаш не одрекуваат дека ќе го надокнадат тоа што ќе биде загубено. Од таа причина историјата кажува години наназад кога сме имале штрајкови, секогаш часовите биле реализирани во рамките на тоа што било планирано. Родителите и учениците тука треба да бидат безгрижни и да помогнат во ова што ние го работиме и го бараме од причина што во моментов имаме многу револтирани настаници, воспитувачки и негувателки кои работат со двојно зголемен број на деца од предвидениот норматив, мотивацијата кај наставниците и вработените кај детска заштита е на најниско ниво, заради неправдата која им е нанесена во однос на платите. Така да сметам дека секој родител ќе има интерес неговото дете да го воспитува, згружува и обучува мотивиран наставник а не наставник или воспитувач којшто размислува од 15-ти до 15-ти како ќе го истера месецот и како ќе ги плати сметките.
Лидер: Пред две години вработените во образование добија покаќување на платите за 10%. Сметате ли дека премногу брзо барате покачување на платите?
-Со оглед на тоа колку беа ниски платите и овие 10 проценти во образованието кои ги добија од јануари 2020г. кажува колку биле ниски платите и колку инфалцијата ги “изеде“ тие 10 проценти. Значи ако пресметаме со истите тие пари што можело да се купи во однос на основни прехранбени продукти, во однсо на гориво и да видиме сега со истите тие пари што може да се купи ќе заклучиме дека многу, многу повеќе од 10 проценти изгубила таа сума на средства.
Лидер: Очекувате ли позитиве исход од преговорите со Владата?
-Па во секој случај сакам да верувам дека Владата многу мудро и разумно ќе постапи во однос на нашите барања за услогласување на платите по колективен договор со минималната плата, затоа што мора еднаш засекогаш да се надмине овој проблем.
Парцијално, односно селективно решавање на проблемот не е решавање на проблем и проблемот “ставање под тепих“ не ги надминува состојбите во детска заштита и образование. Мислам дека сепак разумот ќе надвладее. Ќе седнеме и конструктивно ќе ги разгледаме сите опции во однос на зголемување на платите.
Меѓутоа не е само зголемување на платите како приоритет во сета оваа приказна, иако тоа јавноста најмногу ја интересира а особено и вработените во овие дејности, туку приорите мора да биде системско надминување на проблемот. Еднаш засекогаш да се надмине проблемот и повеќе никогаш да немаме ваков проблем. Тоа ќе значи, доколку минималната плата биде основ за пресметка на плати, секогаш при зголемување на минималната плата нема да има потреба за вакви тензии ибарање за преговри за зголемување на платтите, туку по автоматизам платите ќе се корегираат во нагорна линија.