Од МВР известуваат дека биле изречени и 45 казни за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на црвено светло, 22 казни за непрописно паркирање.

МВР спроведе зајакната акциска контрола низ државата, при што вчера биле санкционирани 599 возачи. Од нив, 91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 106, СВР Штип – 99, потоа на територијата на СВР Охрид-71, на автопатот Скопје-Велес и на скопската обиколница – 66 санкции, на територијата на СВР Тетово – 63.

Дали летните горештини се причина за ваквата сообраќајна некултура, или е прашање на пост-пандемиско опуштање, или нешто друго, во секој случај состојбата со безбедноста на патиштата не е добра. Очигледно е дека ниту системот на превенција и санкционирање кој го спроведува МВР не дава доволно резултати.