Никој нема право да се откажуца од македонските дијалекто во соседните држави и никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и светот, реагира на на социјалните мрежи академик Катица Ќулавкова.

Во продолжение нејзиниот став 

„Со унилатералната изјава на Р с. Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација. Просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време. Никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици. Никој нема право да се откажува од македонските дијалекти во соседните држави. И никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и во светот“,  пишува Ќулавкова.