Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е категоричен дека напорната работа дава резултати. Тој сподели видео од градежните активности на три автопатски делници. Минситерот објави дека видео од 5 минути на кое е прикажано дека интензивно се работи на 3 автопатски делници.

1. Прилеп – Битола
2. Тетово – Гостивар (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид)
3. Гостивар – Букојчани (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид)

Николоски е дециден дека напорната работа дава резултати.

  • Напорната работа дава резултати! Одличната координација помеѓу Премиерот Hristijan Mickoski Министерството за транспорт, ЈПДП и изведувачот Бехтел и Енка ги дава првите резултати, заклучува Николоски.

Погледнете го видеото.

Пред само неколку дена, првиот човек на ЈПДП, Коце Трајановски сподели и фотографии од патот од Охрид до Свети Наум. По цели четири децении обновена е оваа делница.

За првпат по четири децении: Од Охрид до Свети Наум ќе се вози по нов пат

Извор: Фејсбук профил на Александар Николоски