Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска беше во посета на општина Карпош. Тој во изјавите за медиумите се осврна и на економската состојба во земјава, односно загрижувчките прогнози за инфлацијата во земјава.

Пред два дена зборував  за појавата на галопирачка инфлација во Македонија.  Проекцијата на НБРМ беше дека таа ќе изнесува  1, 5 % , потоа НБРМ  излезе со ревидирана проекција дека инфлацијата  ќе изнесува 2, 5 %, а сега во овој момент инфлацијата е 3%, што значи едно сериозно поскапување  на животот на граѓаните. Се очекува зголемување на цените на нафтата, струјата и прехранбените производи, поскапува маслото за јадење, хигиенските производи. Едно целосно поскапуваање и галопирачка инфлација, која што ако не се спречи од паметни политики, потоа не може да се спреч. Затоа очекувам надлежните институции да донесат мерки во однос на инфлацијата , изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, при посетата на општина Карпош