-Пред нас се уште едни избори, за нас најзначајни, затоа што од овие локални избори зависи иднината на општина Росоман, рече Николов.

Николов ги наброи проектите кои ги ветува пред граѓаните на Росоман и тоа:

-Изградба на нов базен за вода за пиење, независно од Лукар за потребите на жителите на општина Росоман;

-Безплатен оброк за секој ученик од I-vo до IV-то одделение;

– Изградба на нова детска градинка за 40 деца во Росоман;

-Изградба на мини трговски центар и мини парк во централното подрачје на Росоман на местото викано Плочата;

-Реновирање на домот на културата со нови седишта ново современо озвучување и 3Д Кино;

-Изградба на атмосферска канализација и нова фекална канализација во долниот дел на Росоман;

-Целосно преземање на ФК Росоман 83 и останатите спортови и обезбедени финансии од општинскиот буџет;

– Реконструкција на улиците во Росоман: Пере Тошев , Никола Карев, Илинденска, Стерио Несторов, Пролетерска , Цандо Кузманов, Страшо Пинџур, 11 Октомври и Гоце Делчев;

-Во Паликура е предвидено проширување на патот Росоман-Паликура, уредување на просторот околу црквата, ископ на нов бунар за вода, како и одводнување на повеќе
места;

-Во Крушевица е предвидено доградба на фекална канализација и изградба на резервоар за вода;

-Во Рибарци е предвидена реконструкција на улици и одводнување на природни води;

– Во Сирково освен асфалтирање на улици и изградба на тротоари ќе се пренамени и парното греење во училиштето кое ќе биде на пелети, а предвидено е и адаптирање на простории за детска градинка.

– Во Манастирец проширување на патот од Манастирец до регионалниот пат Росоман-Кавадарци изградба на улици и тротоари, детски игралишта, реконструкција на базен за вода за пиење;

-Во Трстеник е предвидена реконструкција на мостот, главната улица, реконструкција на базен за вода и изградба на соблекувална на ФК ,,Единство“ , како и реконструкција на детски игралишта;

-Во Камен Дол – реконструкција и проширување на патишта и уредување на централното подрачје , како и доизградба на главниот водовод;

-Во Дебриште – реконструкција на водоводна мрежа, поплочување на патишта, доизградба на фекална канализација;

-Во Мрзен е предвидена реконструкција на патот до црквата и изградба на базен за вода;

Во сите населени места ќе биде заменето уличното осветлување со нови штедливи светилки – посочи Николов.

Тој истакна дека на овие избори се одлучува дали ќе се движиме во вистинска насока како развиена, напредна, добро уредена општина во срцето на Тиквешијата, со спортски и културни активности или ќе продолжиме како во последниве години кога во 21 век се соочуваме со рестрикции на вода за пиење, неасфалтирани улици, немање фекална и атмосферска канализација во сите населени места на општината, вели Николов.

Тој посочи дека секој граѓанин и секое населено место, заслужуваат почит, како и дека време е да се обединиме за заедничка иднина, време е да се донесат промени во Росоман.

За се’ ова да биде возможно, заокружете број 7 за Градоначалник на општина Росоман и број 7 за Советничката листа на Коалицијата „За обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ затоа што од сите нас зависи дали сакаме да живееме подобро и кава иднина ќе изградиме за нашите деца – истакна Николов на митингот во Росоман.