Овој систем со чиста вода ќе снабдува 700 жители во осум населени места: Вртешка со викенд населба Плачковица, Прналија, Кучица, Ебеплија, Јунузлија, Калаузлија и Археолошкиот локалитет Баргала. Капацитетот за производство е околу 1,23 милиони литри на ден чиста вода за пиење и за напојување на добитокот.

Овој систем е од исклучително значење за жителите на Карбиници, за непречна достапност на чиста вода за пиење, особено во летните периоди. За изградба на системот, општина Карбинци доби финансиска поддршка во износ од над 24 милиони денари преку ТАВ програмата за поддршка на општините. Оваа Влада се грижи за сите граѓани подеднакво, за секое населено место, во целата држава. Затоа и владините политики се насочени кон рамномерен регионален развој, подобрување на условите за живот и подигнување на животниот стандард на секој еден граѓанин, рече вицепремиерот Николовски.

Градоначалникот Насев појасни дека станува збор за современ систем со дренажен зафат, доводен цевковод до приклучните шахти кон населените места, резервоарски простор и објекти долж цевководот.

Преку ТАВ Програмата се предвидени 94 проекти во вредност 49,7 милиони евра, меѓу кои за инвестиции во патна, комунална, водоводна инфраструктура, културни домови, градинки и училишта, спортски објекти, здравствени установи.