Урбаните средини под ризик – вакцинацијата под 70%
Ниска стапка на вакцинација во урбаните општини, како Центар, Карпош и Аеродром. Таа изнесува под 60 до 70%. На ова предупредуваат експертите и покрај зголемениот опфат на имунизација во 2024 година. Ова, според проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, претставува сериозен ризик за повторна појава на заразни болести како морбили и пертусис.
Дезинформации и социјални мрежи – клучен фактор за падот
Иако во некои општини во внатрешноста опфатот со вакцинација надминува 90%, довербата во урбаните центри очигледно е нарушена. Проф. Грозданова посочи дека влијанието на социјалните мрежи и ширењето на неточни информации создаваат забуна кај родителите, кои често се двоумат дали да ги вакцинираат своите деца.
Случаите на пертусис се намалуваат, но стапките на вакцинација сè уште под препорачаниот праг
Потребен колективен имунитет – барање од УНИЦЕФ и СЗО
Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, истакна дека колективниот имунитет може да се постигне само со вакцинациски опфат од 90 до 95%. „Иако има напредок, јазовите сè уште постојат“, предупреди Милер.
Од Светската здравствена организација (СЗО), д-р Али Аким апелираше дека ова не е време за повлекување: „Вакцинацијата спасува животи. Особено ја поддржуваме ХПВ вакцинацијата за младите во Северна Македонија.“
Мобилни тимови и теренски активности за покривање на пропустите
Министерството за здравство, со поддршка од СЗО, ќе активира мобилни тимови за теренска вакцинација во 39 населени места низ Скопје. Целта е да се опфатат децата кои ја пропуштиле вакцинацијата од различни причини и да се зајакне колективната заштита од заразни болести.
Извор: Телма