На огласот може да се пријавуваат деца без родители или родителска грижа-лица над 18 години, кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за Ромите на Република Македонија“) и самохрани родители со малолетни деца.

Заинтересираните граѓани целосниот оглас може да најдат на страницата на Министерството за транспорт и врски, каде има детален опис на потребните документи за конкурирање. Огласот трае до 4 јуни годинава.

Инаку, изградбата на социјалната зграда во Струмица заврши во јануари 2019 година. Има вкупна површина од 1.800 метри квадратни со 41 станови и ги исполнува сите енергетски стандарди. Четири од становите веќе се поделени преку Министерството за труд и социјална политика на најранливи категории граѓани.

Зградата ја изгради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје.