Очекувањата на Владата вклучуваат посветеност и реорганизација во здравството
Утре во Собранието ќе се гласа за нов министер за Здравство
Очекувањата од Владата за кандидатот за министер за здравство, Азир Али се големи. Од него се бара да покаже посветеност кон ресорот, да спроведе детална реорганизација и да ја реализира владината програма во делот на здравството.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска изјави дека очекуваат Алиу да добие поддршка и целосно да се посвети на работата.
„Можам да кажам дека Предлогот ќе биде утре во Собранието и дека ќе наиде на поддршка. Очекувам Алиу да биде посветен на ресорот здравство, да направи добра реорганизација и да ги спороведе сите политики што се наш приоритет,“ рече Митева.