Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.3.2021 година (понеделник);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.3.2021 година (вторник);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.3.2021 година (среда);

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 1.4.2021 година (четврток).