Како што појасни, Единицата за брзо распоредување ќе добие урбана маскирна мултикам шара, комплет составен од комбинезон, зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), дводелен комплет за дожд, четири различни капи (фантом, полар, безбол и беретка), навлака за шлем, дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици.

Втората униформа, како што напиша Спасовски, е рурална маскирна мултикам шара за Единицата за брзо распоредување и за Единицата за обука и поддршка. Комплетот е составен од зимска јакна со подјакна, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, навлака за шлем, шешир, дводелно пододдело со подкапа, ракавици термо и тактички.

Третиот дел од униформата на Единицата за брзо распоредување е комбинезон во темно-сива боја, изработен од специјален материјал НОМЕКС, кој што е тешко запаллив и се користи во услови на нарушен јавен ред и мир во поголем обем и апсење на опасни лица во затворени простории.

– Меѓу новите униформи е и униформата во темно сина боја, наменета за Единицата за обука и поддршка, а комплетот е составен од следниве делови: зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, pанталони рипс и ремен, три маици (со јака, без јака и тактичка маица со кратки ракави), четири капи (шешир, безбол, беретка и плетена капа), дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици и дождовна наметка, информира Спасовски.

Униформа во темно сива боја за СВР Скопје – Интервентна полиција, при што комплетот е составен од комбинезон, зимска јакна со подјакна, кратка јакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, шест капи (шешир, фантом капа, полар, безбол, беретка и плетена капа), навлака за шлем, термо и тактички ракавици, дводелен комплет за дожд и дождовна наметка.

– Продолжуваме со осовременување, модернизирање и редовна набавка на униформи и опрема за полициските единици, напиша Спасовски на Фејсбук.