Во академската 1961/1962 година во Љубљана беше отворен првиот лекторат по македонски јазик во светот, за набргу потоа да прерасне во Катедра за македонски јазик и книжевност којашто и денес успешно функционира во рамки на Одделот за славистика.
Катедрата за македонски јазик и книжевност при Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитет во Љубљана одбележа 60 години од отпочнувањето на изучувањето на македонискиот јазик, литература и култура на таа високообразовна установа.
Во академската 1961/1962 година во Љубљана беше отворен првиот лекторат по македонски јазик во светот, за набргу потоа да прерасне во Катедра за македонски јазик и книжевност којашто и денес успешно функционира во рамки на Одделот за славистика.
На одбележувањето на јубилејот што вчера се одржа онлајн беа испратени пораки дека македонистиката во Љубљана се изучува веќе шест децении, но поддршката и вложувањата за афирмацијата и изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура продолжуваат со нови генерации словенечки македонисти.
-И тоа не само со нови студенти коишто на првиот циклус студии на љубљанскиот Филозофски факултет студираат македонистика, туку и со магистерски трудови, нови научни трудови со коишто словенечките македонисти ја афирмираат македонистиката на научни собири, учества на културни манифестации и нови книжевни преводи од македонски на словенечки јазик, информира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).
Универзитетот во Љубљана е првиот странски универзитет на кој во рамки на студиските програми почнува изучување на македонистиката надвор од нашата земја.
Во формирање на македонистиката во Љубљана придонел Блаже Конески, а голем влог имал проф. д-р Драги Стефанија кој македонситиката ја водел над три децении и своето широко познавање на македонскиот јазик и книжевност го пренел на бројни генерации студенти. Проф. д-р Стефанија го наследил првиот лектор по македонски јазик во Љубљана, акад. Блаже Ристовски, и под негово водство во академската 1984/85 година лекторатот прераснал во самостојна Катедра за македонски јазик и книжевност.