Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор на Асмир Јахоски
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе жалба против одлуката на судот да му одреди куќен, наместо затворски притвор на Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“. Според обвинителството, Кривичниот совет треба да ги преиспита фактите врз основа на кои е донесена оваа одлука.
“Незадоволно од ваквата одлука, Обвинителството во законски утврдениот рок поднесе жалба до Кривичниот совет, барајќи преиспитување на причините за определување куќен притвор,” соопшти ОЈО ГОКК.
Судот одлучил за домашен притвор поради семејни и здравствени причини
Судот ја образложи одлуката со фактот дека Јахоски има малолетни деца, дека раководи со фирма со многу вработени, како и поради нарушена здравствена состојба. За разлика од другите осомничени во случајот со тендерите за мазут, кои завршија во притвор, Јахоски како сопственик на Пуцко Петрол остана во домашен притвор.
Во меѓувреме нови информации кои отвораат сомнежи. При претресите кај Капушевски и Јахоски пронајдени пиштоли и 1.500 парчиња муниција. Испумпале нешто над 160 милиони евра државни пари.
Политички обвинувања за тендерите на „Пуцко Петрол“
Владејачката партија и опозицијата разменуваат обвинувања околу тоа кој и во чиј мандат му доделувал тендери на „Пуцко Петрол“.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека компанијата напредувала за време на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ и дека само во последните 9 месеци општини и институции раководени од ДПМНЕ склучиле 170 тендери со „Пуцко Петрол“.
Од друга страна, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, обвини дека владата предводена од СДСМ, во време на Зоран Заев и Венко Филипче, во 2021 година му овозможила набавка на канцероген мазут во вредност од 15 милиони евра.
Обвинени 13 лица за перење пари и злоупотреба
Обвинителството поднесе кривична пријава против 13 лица и една компанија од Скопје за перење пари и злоупотреба на службена положба. Осомничените, меѓу кои има сопственици на нафтени компании и поранешен директор на ЕСМ, се товарат за набавка на гориво со сомнителен квалитет, со што наводно го оштетиле државниот буџет за 167 милиони евра.
Развојот на случајот ќе зависи од одлуката на Кривичниот совет, кој треба да одговори на жалбата на обвинителството.
Извор: ТВ24