Министертвото за надворешни работи денеска го најави проектот „МКарта“, што всушност ќе претставува платформа на успешни и видини македонски граѓани кои живеат во дијаспората и кои што ќе може да придонесат во нашите општествени текови.

– Нашата цел е да создадеме платформа, мрежа на наши видни и успешни личности во дијаспората со што одливот на мозоци ќе се претвори во циркулација на мозоци односно „бреин циркулација“ и да ги вклучиме во нашите општетсвени тековини. Затоа денеска ја претставуваме иницијативата за создавање на таа мрежа, односно за презентација на проектот „МКарта“ за нашата дијаспора односно видини и успешни личности од дијаспората еден вид признаени за нивната улога, но и еден влезен билет за вклучување во нашите општетствени текови, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој истакна дека ќе се интегрира дијаспората во нашето општествено делување, а мрежата ќе ја менаџира МНР како еден вид „фокал поинт“ со што ќе се создаде „пул“ на ресурси со видни луѓе од дијаспората кои што ќе бидат вклучени во разни работни групи, стратегии, одлуки кои што ги носи државата, но и ќе го олесни нивното вклучување.

– Комисија на МНР ќе направи проценка на лицата кои што ќе им биде дадена овој специјален вид на лична карта врз основа на предлози коишто ќе ги добиеме од нашите дипломатско конзуларни претставништва од МНР, но и од другите институции на ситемот кои што располагаат со информации за наши луѓе кои што се успешни во областите во кои што работат како дел од нашата дијаспора. Овој влезен билет, „МКарта“ ќе им овозможи полесно основање на бизниси, поддршка од страна на институциите на системот, финансиска помош за нивни инвестиции овде. Планираме да ги вклучиме сите генерации на нашата дијаспора има и такви кои немаат наше државјанство на нив ќе им се олесни нивниот престој, како и основањето на бизниси овде, но и ќе имаат одредени лични привилегии, рече Османи.

Министертсвото за култура веќе обезбедило овие граѓани да имаат слободен и бесплатен пристап до одредени музеи и одредени културни институции, Министертвото за образование и наука пак ќе им обезбеди ист третман за користење на образовните институции во државата, исто така ќе имаат приоритет во комуникацијата за проектите што ги дава Министертсвото за надворешни работи за помагање на дијаспората.

– Со ова очекуваме највиталниот дел од нашата дијаспора да биде во функција на општетсвениот развој на државата преку нивно вклучување во прокетот „МКарта“. Проектот започнува од утре, напите дипломатско козуларни претставништва започнуваат да ги идентифукуваат успешните и интегрираните личности од дијаспората кои што ќе бидат дел од оваа жолта книга што ја создаваме и мислам дека ќе има големо значење во нашиот однос со дијаспората, но и со напиот однос кон земјите каде што тие живеат, истакна Османи.

Тој потенцираше дека ваквата „МКарта“ не се однесува на попишување на регистрирање на граѓаните туку на идентификување на видни личности кои што покажале успех во областите во кои што делуваат во земјите каде што живеат.

– Не можам да кажам која ќе биде бројката, дел од нашите дипломатко конзуларни претставништа имаат информации за наши успешни граѓани во светот и очекувам не само тие индивидуално да бидат вклучени, туку оваа мрежа ќе овозможи нивна координација, планираме и годишни конференции на таа мрежа, со цел да се создаде една синергија на координација и можност во земјата, рече Османи.

Тој истака дека ќе има прецизни критериуми, меѓутоа тоа ќе биде оставено на дипломатско конзуларните претставништа да проценат, но исто така и на министертсвата кај нас кои ќе може да проценат одредени успешни луѓе од различни области.