Грција

Патниците кои пристигнуваат во Грција треба да имаат сертификат за вакцинација или негативен пцр тест, не постар од 72 часа, издаден од сертифицирани јавни и приватни лабаратории. Може да се влезе и со доказ за прележана болест во период од 2-9 месеци или со брз антиген тест.

Задолжително е и пополнување на ПЛФ формулар, најмалку 24 часа пред влез

Бугарија

Ако патувате во Бугарија ви треба сертификат за вакцинација или негативен пцр тест, не постар од 72 часа или со доказ за прележана болест.

Турција

За Турција треба сертификат за вакцинација или негативен тест, не постар од 72 часа. Патниците ќе може да влегуваат и со доказ за прележана болест, не постар од 6 месеци.

Потребно е да пополните и формулар за влез, најрано 72 часа пред влегување во земјата

Хрватска

Во Хрватска може да се влезе со сертификат за вакцинација, негативен ПЦР или антиген тест или потврда за прележана болест, не постар од 6 месеци.

За патување во Србија, Албанија и Црна Гора не ви се потребни горенаведените документи.