Најбогатите луѓе во светот, политичари, олигарси, бизнисмени или криминалци имаат скриени богатства во таканаречените „даночни оази” како Бахамите или Белизе, но таква дестинација од неодамна станаа и САД, пишува „Вашингтон пост“.
Како што се наведува во објавата на „Пандорините документи“, најновото и многу пообено новинарско истражување од „Панама документите” пред неколку години, скриените пари на светската елита и на супер-богатите е во вкупна вредност од 32 трилиони американски долари. Овие пари се неоданочени или мошне малку оданочени и не вклучуваат недвижности, уметнички дела или скапоцен накит. Сумата е поголема од вкупниот БДП на САД за 2020 година.
Истражувањето е спроведено од тим на репортери од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, весникот „Вашингтон пост“ и стотици други репортери низ целиот свет.
САД со своиите прилично либерали закони во места како Аљаска, Јужна Дакота, Невада или Делавер, станаа примамлив даночен рај за многу глобални клиенти – наведува весникот
Такво место во изминатите години станало и соузната држава Јужна Дакота.
Даночен рај може да се смета земја или јурисдикција каде можеш да ги ставиш своите пари и да избегнеш плаќање данок на оние пари таму каде што си ги заработил – вели новинарот Крег Милер.
Речиси 12 милиони документи го откриваат сопствеништвото на моќни странски актери, како кралот на Јордан, но и на една жена која иако работела ниско платени работи, станала милионерка откако родила дете, наводно по долгогодишна врска со рускиот претседател Владмир Путин. Затоа Светлана Кривоногих, во Русија позната и како љубовницата на Путин, добила милионско сопствеништво, меѓудругото и стан во Монако вреден над шест милиони евра.
Весникот наведува дека кога американските законодавци го дале правото на Јужна Дакота да стане даночен рај, тие сметале дека тоа ќе донесе економски бум и нови работни места во малку развиенета сојузна држава. Новинарите дознале дека државата, сепак не постигнала таков развој, а Јужна Дакота станала една од ретките држави во светот со толку либерална регулатива за офшор компании.
Бизнис центарот на градот Сју Фалс, посебно една зграда, станала адреса на труст компании што менаџираат сметки, многу од нив сомнителни, во вредност од речиси 100 милијарди долари.
Тоа се странски милионери и милијардери меѓу кои има и такви кои во своите земји се обвинети за махинации, поткупи, експлоатација на работници или нарушување човекови права – наведува весникот.
Меѓу нив се наведува производителот на сок од портокали, Хорс Хапел од Бразил или Карлос Моралес Тронкосо, поранешен потпретседател на Доминиканска Република, кој упраувал со компанија за производство на шеќер.
Се наведува дека иако американските политичари до неодамна ги критикуваа даночните раеви во други мали држави поради перење на пари и други криминални дејности, тоа сега всушност се прави и во средиштето на САД.
„Пандорините документи“ откриват и како американски државјани вршат преместување на пари на странски сметки додека се под кривична истрага. Весникот го наведуа случајот на Глен Годфри кој оснавал труст компанија за еден наводен убиец, за еден познат педофил, за член на колумбиската мафија од Њујорк, како за конституционалист кој нарачал убиство на судија, на обвинител и на даночен агент.
Во своето истражување, весникот утврдува дека за обвинителите е мошне тешко да ги следат парите на офшор компаниите, а причини се некооперативноста на државите каде што се сметени даночните раеви или, пак, недостатокот од ресурси или време спроведување такви обемни истраги.