Директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, Александар Петличковски и микробилогот, професот Д-р Никола Пановски се согласни дека вирусот на отворено не е опасен. Сметаат дека групирањата за Водици нема да донесат пораст на кривата на инфицираност ако се почитуваат личните заштитни мерки. Во однос пак на почетокот на второто полугодите пак сметаат дека треба Комисијата за заразни болести треба да донесе нови мерки и да го одложи стартот за две недели.

Во пресрет на верскиот празник Водици, каде верниците се групираа за да го проследат чинот на осветување на водите низ цела Македонија, сметате ли дека треба црквата да даде протоколи за одржување на овој обред или пак тоа да биде лична одлука на поединецот?

Д-р. Никола Пановски: Тоа е работа на Комисијата за заштита од заразни болести. Сепак групирањата надвор не се опасни. Мислам многу помалку, 20 пати помалку опасни од групирањата во затворен простор. Така да во однос на тоа што се одвиваше и се дозволи за Нова година, нема логика сега да кажуваме што треба а што не треба, кога тоа се дозволи би било малку контрапродуктивно. Веќе ризикот е многу помал.

Д-р. Александар Петличковски: Има сега некои нови струдии кои кажуваат дека на воздух надворешен, вирусот живее минути, 5, 10 минути. Што значи дека шансите за заразување на отворено апсолутно не се големи. Мерките и таму каде што беа многу ригорозни, од следење во влез на аеродроми , дизинфициорање, немаа голема ефикасност. Не спречија Омирон да стане доминантен секаде каде што влезе. Така што мислам дека освен личните заштитни мерки, носење на маски, избегнување на гужва, држење на дистанца, нема поефикасни мерки кои може да го забават ширењето. И во тој смисол не мислам дека нешто би се сменило со ограничување на собирањето на отворено. За ограничување на затворено мислам дека треба да се размислува на тоа да се намали бројот на лица присутни во затворен простор.

Во однос на почетокот на учебната година. Сметате ли дека трба да има одложување на стартот на второто полугодие?

Д-р. Никола Пановски: Да. Не може сега во пик на пандемијата да се отвараат училиштата.Треба учениците да се превезуваат во автобуси, родителите да ги разнесуваат…Се додека не почне да се спушта кривата на инфицираност не би требало да има почеток на второто полугодие. Според мене, две недели може да се одложи стартот на второто полугодие.

Д-р. Александар Петличковски: И да мислам дека може да биде практично и корисно да се одложи две недели стартот на второто полугодие. Затоа што се очекува дека бројот на нови случаи ќе паѓа следниве денови и сега ние на релативно поволна ситуација пак да ги ставиме децата од кои најголем дел се невакцинирани неимунизирани во услови погодни за ширење на вируспт, мислам дека не е логично. Така што Да, претпоставувам дека може да биде корисно одложување на второто полугодие за две недели.