Кражбата првично е откриена од веб-страницата „Сајбер њус“, во чиј извештај се вели дека биле украдени и идентификувани имиња и презимиња, адреси на електронска пошта, телефонски броеви, пол и врски со други социјални мрежи и ставени на продажба на „Дарк веб“. Деталите за лицето или организацијата што го сториле тоа во моментов не се познати.

– Корисниците веруваат дека „Линкдин“ ќе ги заштити нивните податоци и ние преземаме чекори да се случи тоа. Истраживме податоци што се продаваат на нелегален начин и откривме дека тоа е всушност збирка на податоци од повеќе страници, вклучувајќи и од нашата платформа – напишаа од „Линкдин“.

„Линкдин“, која е основана во 2002 година, има повеќе од 740 милиони членови од повеќе од 200 земји.

Некои корисници изразија загриженост и рекоа дека е време да се избришат профилите. Други напишаа дека нема причина за загриженост, бидејќи украдените податоци биле веќе јавно видливи.

Италијански супервизор за заштита на податоци започна истрага за случајот. Од италијанската влада соопштија дека земјата е меѓу оние со најголем број корисници на „Линкдин“ од европските земји и ги повика да обрнат внимание на сите чудни работи што може да се случат, а тие се поврзани со броевите на мобилните телефони и слично.