Причината за големиот наплив на пациенти, како што дознаваме, е преоптовареноста на психијатриските Одделенија во новата Градска болница „8 Септември“ и во Клиничката болница, па поради ковид-кризата, пациенти кои биле за болничко лекување се препраќале во „Бардовци“.

Директорот на психијатриската клиника во Скопје, Стојан Бајрактаров за „Слободен печат“ изјави дека обемот на работа, односно зголемениот број на пациенти на Клиниката бил бидејќи во екот на ковид кризата бил затворен психијатрискиот Оддел во Воената болница во Скопје.

– Пракса е кога една болница е оптоварена да се препраќаат во друга – вели Бајрактаров.

Според лекарите од „Бардовци“, и од Клиничката болница во Скопје има драстично зголемување на пациенти кај кои поради ковид-кризата се дијагностицирани депресија и анксиозност. Околу 20 отсто од вкупниот број на пациентите во примарната здравствена заштита имале едно или повеќе ментални заболувања.

Според упатените, до 2025 година се очекува процентот на менталните заболувања да се зголеми до 50 отсто.

Во психијатриските болници се лекуваат и околу 150 лица со изречена судска мерка. За овие пациенти, болниците не се во можност да обезбедат пари и согласно Законот за извршување на санкции, трошоците за здравствената заштита на овие лица ги обезбедува Министерството за здравство преку соодветна програма.

Пациентите кои се со изречена мерка од суд „задолжително лекување и чување” се лекуваат и згрижуваат во трите психијатриски болници и тоа околу 60 пациенти во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, околу 50 пациенти во ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје” Скопје и околу 40 пациенти во ЈЗУ Психијатриска болница „Негорци” Гевгелија.

Обезбедување дневно болничко лекување на пациенти во Центрите за ментално здравје во Република Северна Македонија се во дневно болнички во следните Центри за ментално здравје и тоа Скопје, Тетово, Струмица, Гевгелија и Демир Хисар.