Човекот кој ја има најважната оперативна позиција во МВР, Бирото за Јавна безбедност на Република Македонија на социјалните мрежи промовира Голема Албанија, политички концепт кој има за цел да ги обедини сите етнички Албанци и територии каде што тие живеат, или наводно некогаш живееле, во еден ентитет.Во тој политички концепт влегува и дел од територијата на Република Македонија.

Ќе преземе ли нешто внатрешна контрола на МВР, откако можеби најважниот оперативец во МВР леташе орли на социјалните мрежи? Ќе се огласи ли министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по ваквото недолично однесување на високиот функционер, или и ова ќе помине заташкано во прав?