Од Извештајот на Комисијата за образование, може да се види дека на никаков проблем со формирањето на паралелки со помал број на ученици во прва година за учебната 2021/2022 година, но фактичката состојба е поинаква, односно на Барањето доставено до МОН за Барање на мислење за формирање на паралелки со помал број на ученици во прва година за учебната 2021/2022 година, одговорот од страна на Министерството значи 15 паралелки помалку во средните училишта во Градот Скопје, вели советничката во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова на денешната седница.
Фактичката состојба во училиштата е следнa: 1. СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје – 5 паралелки (4 македонски + 1 албанска) 2. СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје – 4 паралелки (2 македонски + 2 албански) 3. СУГС ЕМУЦ „8-ми Септември“ – Скопје – 2 паралелки (1 македонска + 1 албанска) 4. СУГС „Цветан Димов“ – Скопје – 1 паралелка (1 албанска) 5. СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ – Скопје – 1 паралелка (1 македонска) 6. СГГУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје – 1 паралелка (1 албанска) 7. АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје – 2 паралелки (1 македонска + 1 албанска) 8. СУГС „Лазар Танев“ – Скопје – 1 паралелка (1 македонска) Следствено на скратените паралелки, произлегува технолошкиот вишок, додава Попова.
Попова праша дали некој од Град Скопје и секторот за образование и објаснил на Мила Царовска дека во пандемска година требаше да направи најголеми напори и да даде позитивно мислење за овие паралелки затоа што најголем бенефит од тоа ќе имаат учениците бидејќи согласно бројот на ученици во паралелка со помал број ќе имаат можност за настава со физичко присуство.
Што Градот Скопје направи и зошто во услови на пандемија дозволи намалување на толку голем број на паралелки во средните училишта, требаше ли ова да се направи во пандемиска година. Се обраќам до Градоначалникот на Град Скопје и до Раководителот на Секторот за образование и ги прашувам, и објаснивте ли на Мила Царовска какви последици ќе произлезат од оваа нејзина одлука знаејќи дека во одредени Општини во Македонија се дозволува формирање на паралелка со еден ученик. И објаснивте ли на Мила Царовска дека во пандемска година требаше да направи најголеми напори и да даде позитивно мислење за овие паралелки затоа што најголем бенефит од тоа ќе имаат учениците бидејќи согласно бројот на ученици во паралелка со помал број ќе имаат можност за настава со физичко присуство. Уште ли ќе ги казнувате нашите деца, праша Попова.
Според неа со ваквата одлука не се враќа дигнитетот и достоинството на наставниците, туку како што рече со непромислените и тенденциозни одлуки што се носат дури 86 професори ќе останат како технолошки вишок, а голем дел од нив и со неполн фонд на часови.
Вака ли се грижите за професорите, вака ли ќе го вратите нивниот дигнитет? Не, во услови на пандемија ќе ги оставите како технолошки вишок, а голем дел од нив со неполн фонд на часови. Не го враќате дигнитетот и достоинството, им дозволувате на директорите да си играат со нивните животи, да им се закануваат дека ако некаде писнат и тие часови што ги имаат ќе ги изгубат. 86 професори ќе страдаат заради Вашите непромислени и тенденциозни одлуки, заклучи Попова.