На 18. седница на дневен ред е Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка.

На 26. седица се заостанати Предлог на законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка и Предлог на закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, во прво читање, поднесен од: Павле Трајанов, Маја Морачанин, Мирослав Богдановски, Боби Мојсоски, Моника Зајкова.

Во рамки на 29., 34. и 39 пленарна седница се останати по неколку закони, од кои за дел е веќе завршена расправата.