Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Канал 5“, го истакна значењето на успехот во преговорите со Бугарија, потенцирајќи дека не се учествува само за формалност, туку за да се постигне вистински напредок. Тој нагласи дека процесот е сложен и долготраен, при што е важно да не се озволи нови пречки да го попречат текот на преговорите.

Преговорите со Бугарија

Мицкоски подвлече дека Бугарија е важен партнер и дека преговорите треба да завршат со успех.

„Не е доволно само да учествуваме во преговорите. Бугарија мора да биде дел од процес кој води кон успех,“ истакна тој, нагласувајќи дека не е прашање на брзо решавање, туку на темелно и долгорочно справување со сите прашања.

Европската Унија како арбитер во преговорите со Бугарија

Мицкоски истакна дека е неопходно Европската Унија да има водечка улога во процесот на решавање на прашањата со Бугарија, за да се избегнат идни компликации и да се спречи билатерализацијата на процесот.

„Со посредството на ЕУ, можеме однапред да ги решиме сите прашања и да не дозволиме нови пречки,“ изјави Мицкоски.

Гоце Делчев и неговото значење

Говорејќи за историските прашања, како улогата на Гоце Делчев, Мицкоски истакна дека Бугарија и Македонија треба да се согласат на објективна дискусија.

Гоце Делчев за мене е значајна македонска фигура и вистински титан на македонскиот идентитет, а за нив можеби претставува нешто друго. Нека кажат колку песни, имиња и приказни се поврзани со него, а потоа да видиме колку има кај нас. Треба да утврдиме кој всушност бил Гоце Делчев. Мудроста на народот е неприкосновена, изјави Мицкоски.

Објективни барања за добри односи

Мицкоски посочи дека добрите односи со Бугарија се можни само ако барањата се објективни, а не билатерални.

„Ако се фокусираме на минатото, ќе останеме заглавени. Мора да се надминат историските несогласувања со Бугарија за да се постигне напредок. Треба веднаш да ги решиме. Доколку се соочуваме со објективни пречки, тие можат да не направат подобри. Но, субјективните проблеми, како билатерализацијата, се вистинскиот проблем, истакна тој категорично.