Албанскиот претседател Илир Мета, се чини, ги „потроши“ љубовта и мирољубивиот однос кон Соединетите американски држави, одлучувајќи јавно да се конфронтира со амбасадорката Јури Ким, исто како и поранешниот претседател Сали Бериша во 1997 година со тогашната амбасадорка на САД, Мариса Лино.

Претседателот Мета, гостувајќи на Сири телевизија, го прекина интервјуто во живо за да и одговори на СМС-пораката на амбасадорката Ким.

Тој не ја прочита содржината на пораката, но амбасадорка Ким сама ја објави на Твитер.

„Неприфатливо е за секого да се заканува дека граѓаните треба да ги земат вилите на 25 април или потоа ако не им се допаѓа резултатот од изборите. Ваквите закани заслужуваат да бидат казнети. Оние што иницираат насилство ќе одговараат за своите зборови и постапки. Стоп“.

Кога оваа порака Ким му беше прочитана во студиото, реакцијата на Мета беше повеќе од експлозивна.

-Ми рече дека треба да престанам со некои изјави, јас и реков дека треба да престане да го брани Рама и доколку сака нека дојде тука со него или со кого сака. И велам на Америка дека многу ја сакам, но по Албанија, тоа го кажав пред два дена. Албанија е на прво место, има празни места, па Америка. Ја сакам Америка се додека не и штети на Албанија. Амбасадорке стоп за интервенците, гледајте си ја вашата работа, кажа Мета.

Тој откри и претходен телефонски разговор со амбасадорката Ким додавјаќи „доколку сакаат нека ме убијат Американците“.

-Ми се јави и ми вели, знаеме некои работи за тебе. Замислете амбасадор му вели на претседател на Републиката знаеме некои работи за вас. Што знаеш за мене. Кажете. Ако САД имаат проблем со Илир Мета, дозволете ми да знам, па убијте ме, во некоја дупка во планина, каде ќе ме однесете со некоја ракета за да не им наштетите на другите, рече Мета.

Шлаг на тортата од овој силен судир во јавноста меѓу претседателот Мета и амбасадорката Ким, беше веста што приситигна доцна синоќа, од Вашингтон, дека поранешниот амбасадор на САД во Тирана, Доналд Лу е назначен за втор човек на американскиот Стејт департмент.

Амбасадорот Лу и претседателот Мета имаа судир околу Републичкиот судски совет, односите останаа заладени и покрај тоа што Мета подоцна рече дека Лу му се извинил бидејќи бил дезинформиран.