Бурна недела за школуваната преведувачка по англиски јазик Бисера Костадиновска-Стојчевска, која во моментов ја има функцијата Министер за култура. Оваа незнајна фигура помеѓу културните работници во земјава изминатата недела успеа да се испокара и со музичарите и со филмаџиите и јавно да признае дека да се биде партиски послушник е главната референца ако сакате да водите јавна институцика во земјава.

Во четвртокот, Бисера ја имаше погодено „ретрограден меркур“, па откако утрински јавно призна дека инквизиторски ја разрешила директорката на Филхармонија затоа што ја изнајмила една од салите на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, попладнето успеа да се испокара со филмските работници кои ги стави во незавидна положба затоа што не им ги исплаќа парите кои им следуваат.

Сепак, во однос на проектите кои имаат етнички албански предзнак и фестивалите на кои се пеат песни за голема Албанија, се оди како подмачкано и Стојчевска нема никакви забелешки.

Тина Иванова разрешена затоа што застанала зад своите вработени

Доскорашната вработена на „Филхармонија“, беше разрешена од страна на министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска, затоа што застана зад вработените кои се продивеа на идеата во нивната институција да се вгнезди Џез Оркестарот. На сите им е јасно зошто беше разрешена Тина Иванова, единствено затоа што имаше професионален интегритет.

Бисера сакаше да биде вешта и мислејќи дека конечно нашла релевантна причина за разрешување, успеа да направи класична политичка дискриминација. Имено, во четвртокот кажа дека директорката е разрешена само затоа што на унијата на жени на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ им ја изнајмила една од салите во Филхармонија. Нормално, нанесувајќи на одредени тврдења, директно беше фатена како лаже!

Иванова врати, објавувајќи ги сите 20 лаги на министерката.

– Лага 3 е кога тврди дека не сум разрешена затоа што како директорка сум застанала зад своите вработени. Не, не, сите знаат, и врапчињата да ги прашате ќе и кажат дека сум разрешена само затоа што не застанав зад нејзината штетна одлука и дека како моја примарна должност застанав зад колективот да го заштитам од нејзините алхемии.

Лага 4 е нејзиното тврдење дека институцијата издавала простор надвор од за тоа утврдените правилници и без дозволи и одлуки на Управниот одбор.

Лага 5 е дека за време на собирот на жени на политичка партија надворешни лица користеле технички средства на институцијата.

Лага 6 е дека на конкретниот настан на конкретната политичка партија обезбедувањето не било организирано во согласност со предметниот правилник.

Лага 7 е дека за овој настан директорката и ОУ дале две различни изјави во смисла дали настанот ќе се одржел или не, како да случувањата во објектот се болви кои можат да се скријат во душек.

Лага 8 е дека надворешни лица управувале со техниката на институцијата, конкретно и за споменуваниот партиски настан, за кој со техниката управуваа исклучиво стручните професионални лица вработени во филхармонијата и нивниот прекувремен труд. Како и за другиот потребен персонал, е вграден соодветен правилник, односно, отсекогаш било така, домаќински, услугите за надворешни субјекти да не се на товар на институцијата туку на товар на барателите на услугите. – напиша поранешната директорка на Филхармонија Тина Иванова.

Тина Иванова не и беше доста, па преведувачката (ова не е навреда, како што авторот на текстов е новинар така министерката е преведувачка), одлучи да им ги помати сметки и на оние кои одвај преживуваат правејќи нискобуџетни македонски филмови.

Не ги лаже само во Филхармонија, ги лаже и филмаџиите!

Утрински се скара и очигледно лажеше за случувањата во Филхармонија, попладне отиде на дебата и лажеше за Агенцијата за филм. Имено, откако и се собраа 70 продуценти и режисери да побараат Бисера да ги префрли во Агенцијата за филм парите кои и припаѓаат на оваа институција, Бисера повторно ја фативме на дело, како лаже.

Во дебатата од четвртокот, пред неа на мегдан излезе продуцентот Томи Салковски, кој на ТВ 24 на министерката јасно ѝ презентираше дека директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски, ги побарал парите за филмска дејност, но не му биле префрлени. Претходно, Салковски напомена дека во неформални разговори тој дознал дека парите ќе бидат скратени, а барање за финансиски план бил испратен на 30 август.

На ова министерката Костадиновска Стојчевска одговори дека во август немало испратено барање за план, туку на 14 септември.

Според она што го имаме ние како министерство за култура, јас мора да кажам дека првиот план за исплата не е пратен на 30.08 туку на 14.09. На 14.09 јас веќе бев отсутна од државата, а јас не дозволувам да се стави мој потпис на нешто кога се работи за исплата на пари. Не е на 10 милиони, туку на 12 и нешто милиони денари. Што значи дека не е точно она што се кажува, вели министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Сепак, документот кој стигна до редакцијата на Радио Лидер го говори спротивното, односно дека планот за исплата бил пратен токму на 30.09. Уредно напишаниот документ на кој јасно се гледа датумот, може да го погледнете во продолжение.

Во четвртокот наутро на филмаџиите им вети дека ќе им ги префрли парите за да може да продолжат тековните проекти, во петокот не стигнаа, ама еве го понеделник ќе дојде па ќе видиме дали и понатаму Бисера Лаже.

Кај Албанските проекти, се е како подмачкано!

Во изборот на поддржани книжени проекти, Бисера Костадиновска-Стојчевска како ѓавол од темјан бегаше од името на Гоце Делчев, на што реагираа бројни академици, писатели и интелектуалци. Одбра да не поддржува проекти поврзани со македонската историја и идентитет, но затоа, врвни дела од национален интерес се романот за гробот на Тосун-бег, збирката анегдоти од тетовското планинско подрачје, потоа двете книги за албанските носиите во Кичевско, книгата за село Чалјане како составен дел на Дрвен, книгата со наслов „Сребреница, 25 години болка“.

-Дело од национален интерес може да биде и монографија за село Свиларе, книга со наслов „Продавница за чудни миленичиња“, може и цел том истражување за влијанието на социјалните мрежи во културата на младите, може и книга со наслов „Спекулумот на лудата жена“, може и книга за употребата на јазиците кај националните телевизии во Северна Македонија и така натаму, но не може роман за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче! Ќе видиме какво ќе биде официјалното, писмено образложение, но јавноста веќе добро знае што се случи последниве неколку години со македонскиот идентитет, а сега и со личноста и делото на Гоце Делчев. Ќе оставиме за тоа да се каже нешто повеќе кога ќе го добиеме решението со „правното“ образложение на одлуката, потпишано од госпоѓата министерка, изјави писателот Блаже Минески.

Сите знаеме дека со години се поддржуваа проекти кои го славеа УЧК, најразлични националистички фестивали и најразлични чуда кои се далеку од рамномерна етничка поддрша на културата.

За овие проекти, исплатите одат како подмачкани, затоа што преведувачката очигледно е изгубена во преводот!