Секоја стратешка цел ,според Трајковиќ, има повеќе активности, односно како прва клучна точка во Стратегијата е посочено подобрувањето на материјалните услови во пенитенцијарниот систем, потоа следи зајакнувањето на капацитетите на раководство и надзор, зајакнување на професионалноста на затворската управа.
– Обезбедувањето на безбедна средина за осудените лица и персоналот на КПУ И ВПУ, исто така, е дел од 12-те стратешки цели. Како клучна точка пет е и зајакнување на процесот на ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица, вклучително и на постпеналната грижа. Подобрувањето на третманот и грижата за деца кои издржуваат мерка упатување во ВПД, подобрување на корпоративниот интегритет, јакнење на механизмите за справување со случаи на корупција. Зајакнување на обезбедувањето на здравствената заштита на осудените лица и на образовните структури и структури за обука, рече Трајковиќ.
Таа додаде дека дел од ова стратегија е и адресирањето на радикализацијата која води кон насилен екстремизам, но за неа Управата веќе има подготвено акциски план и постапува по него.
Директор на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање колку ова стратегија би придонела за подобрување на условите во затворите ако за претходната стратегија има забелешки, рече дека се преземени конкретни чекори особено во делот за борба против корупцијата, односно изготвен е конкретен акциски план за борба против корупција во самите казнено поправни домови.
– Ние ако УИС склучивме меморандум за соработка со Државната комисија за спречување на корупција и активно се работи во делот на борба против корупцијата. Работењето на КПУ и ВПУ е отчетно и можам да констатирам сме отворени и по транспарентни за разлика од изминатите години. Борбата против корупцијата е една од приоритет на УИС, рече Спасовски.
Воедно, директорот Спасовски, во својот говор пред присутните истакна дека втората Национална стратегија за развој на пенитенцијарниот систем ќе овозможи да се унапреди постоечкиот систем на извршување на санкции, кој ќе продолжи да обезбедува успешна ресоцијализација и социјална адаптација на осудените лица за нивно оспособување и можност да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот.
Заменик министерот за правда, Агим Нухиу оценувајќи ја Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во државата, рече дека во изминатите години во затворскиот систем во државата се почнати навистина важни процеси.
– Тоа на што најмногу и посветивме внимание е подобрување на условите за престој во затворите. Особено сум горд за институцијата во Волково и во Тетово. Оваа институција денеска преставува една од најсовремените институции за малолетниците во регионот. Нашата цел е условите да бидат пример затоа како треба да изгледа севкупниот пенитенцијарен систем во државата, односно како треба да изгледа секој затвор во рамките на државата, рече Нухиу.
Заменик шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Јулиан Васало, коментирајќи ја новата Националната стратегија за развој на пенитецијарниот систем рече дека затворите се сметаат за лице на кривично-правниот систем на една земја.
– И тоа со причина кога некое лице се лишува од слобода тоа е една од најголемите моќи на една држава. Затоа тоа моќ треба да се извршува со почитување на владеењето на правото и човековите права. Како што повеќе пати е повторено, условите во затворите во државата остануваат тешки. Тоа може да се квалификуваа и како малтретирање ,според Комитетот за спречување и мачење. Сепак има напори да се подобри ситуацијата, има проекти за реконструкција во Идризово, исто така и затворот во Битола се реновираше со средства на ЕУ, рече Васало.
Претставникот на ЕУ, уште додаде дека тие се долгорочен партнер на земјата во спроведување на реформите во затворскиот систем и даваат поддршка во пробациската служба, односно во последниот период е обезбедена медицинска опрема за шест затвори. Пазарна вредност на целата донација изнесува 54.801 евра