epa08986632 A woman wearing a protective mask walks in front of the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 04 February 2021. Three cases of the Britsh coronavirus mutation were confirmed so far in North Macedonia. One of the infected passed away. In the last two weeks the new coronavirus cases have failed and the government was planning to further ease some of the restrictions, but the British mutation appearance halted the process. Since the start of the pandemics there are close to 92,000 confirmed cases of Covid-19 in North Macedonia while the number of deaths reaches around 2,830. AstraZeneca and Pfizer vaccines are still not available, the government reached a direct agreement with Chinese Sinovac for 200,000 units of its CoronaVac vaccine. Health Minister Venko Filipche stressed that they are expected to arrive in February 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Ковид – центарот на Клиниката за кожни болести од денеска е ставен во функција и примени се првите пациенти со компликации од КОВИД-19. Во текот на утрешниот ден ќе биде отворен и ковид центарот на Клиниката за неврологија, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Во врска со бројот на хоспитализирани од Министерството посочија дека согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид – центрите, во изминатите 24 часа вкупно се хоспитализирани 579 лица. Од нив 177 лица се хоспитализирани во Скопје (на Инфективната клиника – 79, во ГОБ 8 Септември – 67, на Институтот за ТБЦ – 31), а 402 лица во останатите градови.