-Имајќи го предвид загадувањето на амбиенталниот воздух и мерките од Градот Скопје, ги повикувам граѓаните да ги користат можностите на бесплатниот јавен превоз. Обврските на градоначалникот се теренски и на различни локации кои налагаат користење на автомобил, но во следниот период почесто ќе практикувам движење без автомобил. Секој од нас да го даде својот придонес во намалување на загадувањето на воздухот. Општина Гази Баба ќе ги превземе сите свои законски надлежности за санкционирање на загадувачите на амбиенталниот воздух, напиша на Фејсбук Стефковски.