Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Во локалните економски зони секојдневно се градат и се отвораат нови стопански објекти, а веќе постоечките ги прошируваат своите капацитети. Проширување на капацитетот направи и компанијата SCANIA, која организираше свечено отворање на новиот сервис центар, каде присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Градоначалникот Георгиевски во своето обраќање им посака успех во понатамошното работење и додаде дека Општина Илинден има одлични услови за поволна бизнис клима. Интензивниот развој на економската инфраструктура, во делот на изградба на транспортна, комунална и енергетска инфраструктура во локалните економски зони во изминатиот период придонесе многу стопански субјекти да го почнат својот бизнис во општина Илинден, но и многу постоечки компании во општината да ги прошират своите капацитети.

Општина Илинден останува отворена за сите домашни и странски компании, со цел отворање на нови работни места и поквалитетен живот на граѓаните.