Со европско знаменце, на дневен ред пред пратениците, денеска е и Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за квалитетот на амбиенталниот воздух, во прво читање.

На 30-тата собраниска седница се и неколку предлог-закони во прво читање, меѓу кои за изменување на законите за спречување на насилство на спортски натпревари, за земјоделско земјиште, за планиниски патеки, за заштита од бучава и за животна средина.

Седници, денеска ќе одржат и собраниската Комисија за финансирање и буџет и собраниската Законодавно-правна комисија, на чиј дневен ред е Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството.