Издавањето на осмата еврообврзница од 700 милиони евра, со историски најниска каматна стапка од 1,625 отсто, е со цел рефинансирање на еврообврзницата од 2014 година, со каматна стапка од 3,975 отсто.

– Други исплати и повлекувања кои влијаеја на состојбата на државниот и на јавниот долг во првото тримесечје од 2021 се: намалување на состојбата на државните хартии од вредност за 23,4 милиони евра, емисијата на 19-та емисија на Обврзница за денационализација од 11,5 милиони евра, повлекување 11,8 милиони евра странски кредити за владини проекти и 8,9 милиони евра од јавни претпријатија. Отплатени се обврски по основ на главнина во износ од 44,5 милиони еврa, соопштија од ова министерство.

Според проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг, се оценува дека до 2025 тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 58,8 отсто од БДП, а државниот долг ќе се сведе на 51 отсто. Тоа ќе се реализира преку постепено намалување на буџетскиот дефицит, како и со забрзување на економскиот раст.

Инаку, како резултат на ковид-кризата, според ММФ, кај речиси сите европски земји (освен Норвешка) има висок раст на државниот долг во 2020 година, во споредба со 2019. Така: Шпанија има раст на долгот од 27,5 процентни поени, Италија од 27, Грција од 24,3, Албанија од 15,6, Словенија од 14,9 и Хрватска од 14,5 процентни поени раст на долгот.