Птичји грип ја затвори Зоолошката градина во Скопје: Усмртени 35 птици

Зоолошката градина во Скопје е затворена поради птичји грип. АХВ усмрти 35 птици поради детекција на вирусот H5N1 кај угината гуска. Зоолошката ќе остане затворена три недели за дезинфекција и заштита на другите животни.